Аљаксандра Каско, белоруска активистка за права, која беше уапсена на почетокот на февруари веднаш по враќањето од Полска, е осудена на 10 години затвор под обвинение дека протестирала против официјалните резултати од оспоруваните претседателски избори во 2020 година.
Долгогодишниот белоруски лидер Александар Лукашенко тврди дека победил на тие избори.
Каско (30) беше осуден денеска (19 декември) во судот во градот Хродна во западниот дел на Белорусија.
Видете и ова: Белорускиот суд ги означи налозите на РСЕ на социјалните мрежи како екстремистичкиОбвиненијата против неа вклучуваат поттикнување омраза, организирање екстремистичка група, помагање во екстремистички активности, ширење лаги за авторитарниот владетел Лукашенко и непочитување на судот.
Каско се приклучи на широко распространетите опозициски протести против официјалниот резултат на изборите во 2020 година, кои му донесоа победа на Лукашенко. Организациите за човекови права ја прогласија за политички затвореник.
Масовните протести беа крваво задушени, а десетици илјади луѓе беа испратени во затвор.