Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел ја критикуваше израелската армија за неселективни напади во Појасот Газа.
Сведоци сме на ужасно отсуство на правење разлики во израелската воена операција во Газа“, рече Борел на социјалните мрежи.
„Верници, тројца израелски заложници и стотици други цивили загинаа за време на најновите воени операции“, рече тој.
„Ова мора да престане. Итно е потребена хуманитарна пауза“, додаде шефот на европската дипломатија.
Видете и ова: Првпат од почетокот на војната отворен премин меѓу Израел и ГазаИзраел призна дека неговите сили по грешка убиле тројца заложници кои во петокот избегале од нивните киднапери во Газа.
Во саботата израелски војник „ладнокрвно“ убил мајка и ќерка, палестинска христијанка на територијата на Католичката црква во Газа, соопшти Латинската патријаршија на Ерусалим.
Папата Франциск во неделата го осуди убиството на жените, велејќи дека тоа се случило во црковен комплекс „каде нема терористи, туку семејства, деца, луѓе кои се болни и имаат инвалидитет“.
Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот.
Според Министерството за здравство во Газа под контрола на Хамас, повеќе од 18.800 Палестинци, од кои 70 отсто се жени, мали деца и адолесценти, се убиени во Појасот Газа во израелските бомбардирања од 7 октомври.