Глобалната организација за човекови права Хјуман рајтс воч (ХРВ) на 18 декември го обвини Израел за воени злосторства преку изгладнување на луѓе во Појасот Газа кои се под немилосрдни напади за време на израелската војна со Хамас.
ХРВ соопшти дека израелските сили намерно ја блокираат испораката на вода, храна и гориво, дека уништуваат земјоделско земјиште и им ги ускратуваат на жителите на Појасот Газа работите што им се потребни за да преживеат.
Видете и ова: Американскиот министер за одбрана Остин пристигна во Израел„Израелската влада го користи гладувањето на цивилите како метод на војување во окупираниот Појас Газа“, се наведува во извештајот на ХРВ.
„Светските лидери треба да се изјаснат против ова грозоморно воено злосторство“, велат од ХРВ.
Израел не одговори веднаш на извештајот на ХРВ, според Ројтерс.
Израел негира дека напаѓа цивили, велејќи дека Хамас се крие во станбени области и се обидува да им помогне на невините, додека го прекинува снабдувањето на илјадници борци на Хамас кои оперираат од тунелите во Појасот Газа.