Нафтениот гигант Бритиш Петролеум (БП) е последната во низата компании што го прекина превозот низ Црвеното Море, по серијата напади врз бродови во регионот од страна на јеменските бунтовници Хути, поддржани од Хамас.
БП во соопштението рече дека донела таква одлука „поради влошената безбедносна ситуација.
Видете и ова: Американски бродови нападнати во Црвеното МореКомпанијата наведе дека „безбедноста и сигурнаста на нашите луѓе и оние кои работат за нас се приоритет на БП“.
Бунтовниците Хути, поддржани од Иран, рекоа дека го поддржуваат Хамас и дека ги гаѓаат бродовите што патуваат кон Израел со беспилотни летала и ракети.
Компанијата Maersk, Mediterranean Shipping Company, Hapag-Lloyd и CMA-CGM веќе ги прекинаа испораките низ регионот.