Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пристигна во Израел додека се зголемува меѓународниот притисок за прекин на огнот во Газа.
Остин треба да разговара со израелскиот колега Јоав Галант и премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Според Ројтерс, висок функционер за одбрана на САД им рекол на новинарите кои патувале со Остин дека се очекува да разговара за плановите на Израел за следната фаза од војната.
Видете и ова: Напад врз кампот Џабалија во Газа, загинале 90 ПалестинциЗа време на викендот, Франција повика на „итен и траен прекин на огнот“ во Газа, додека Велика Британија и Германија повикаа на „одржлив прекин на огнот“.
Хамас го нападна Израел во октомври, убивајќи 1.200 луѓе, а зеде и 240 заложници, од кои некои беа ослободени за време на краткото примирје.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека повеќе од 18.800 луѓе се убиени, а 50.000 се ранети од почетокот на војната.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „ќе се бори до крај“ за „елиминација на Хамас и ослободување на заложниците.