Бугарија на 18 декември го укина данокот за транзит на руски гас преку нејзина територија, откако Унгарија се закани дека ќе стави вето на обидот на Софија да влезе во зоната за слободно патување Шенген.
Пратениците во бугарскиот Парламент едногласно го поддржаа предлогот за укинување на надоместокот од 20 лева (10 евра) за мегават час (MWh) за рускиот гас што оди од турскиот гасовод до Унгарија и Србија.
Мерката беше одобрена на 13 октомври и имаше за цел да го „намали профитот“ на Гаспром, но се покажа како тешка за спроведување, бидејќи рускиот гасен гигант никогаш не платил ништо за испорака на гас.
И Будимпешта и Белград, кои сè уште се во голема мера зависни од руските енергетски извори и сакаат да одржуваат добри односи со Кремљ, оценија дека данокот е „непријателски потег“ што ја загрозува нивната енергетска безбедност.
Видете и ова: Холандија се согласи Бугарија да се приклучи на Шенген зонатаУнгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто викендов се закани дека ќе стави вето на обидот на Бугарија да се приклучи на Шенген, доколку Софија продолжи со, како што рече, „казнената“ давачка.
Унгарија е подготвена да го укине ветото веднаш штом ќе се укине данокот, рече Сијарто.
„Неколку пати му кажав на (унгарскиот премиер) Виктор Орбан дека овој данок не е насочен против Унгарија Веројатно имаат некакви сомнежи или ги користат како изговор да не блокираат, рече бугарскиот премиер Николај Денков во интервју за телевизија Нова на 17 декември.
„Важно е да се отстрани оваа пречка и да се знае дека со Унгарија не треба да имаме проблеми за Шенген“, додаде тој.
Видете и ова: Бугарија ја укинува таксата за транзит на руски гасБугарија и соседната Романија се приклучија на ЕУ во 2007 година, но нивните обиди да се приклучат на зоната за слободно патување наиде на противење од другите членки.
Од преостанатите две земји кои се спротивставија на пристапувањето на Бугарија минатата година, Холандија во петокот одлучи дека Софија сега ги исполнува условите, а Австрија, исто така, неодамна го олесни своето противење.
Виена го предложи она што го нарекува „Воздушен Шенген“, велејќи дека е подготвена да ги ублажи правилата за воздушниот сообраќај за Бугарија и Романија, доколку Брисел ги зајакне надворешните граници на ЕУ.