Мирослав Алексиќ, еден од лидерите на коалицијата „Србија против насилството“ за телевизија Н1 изјави дека изборите во Белград се „украдени“ и дека „Арена“ (Штарк Арена) е врвот на ледениот брег. Вечерва во 18 часот е организиран протест пред градското собрание.
„Не сум задоволен ниту од резултатите во Србија, ниту од резултатите во Белград, ниту од излезноста на изборите. Излезноста е на ниво на минатогодишните избори“, посочи Алексиќ.
Според него, опозицијата вкупно победила повеќе од СНС на изборите во Белград.
„Вчера бевме сведоци на брутално насилство преку ден, насилство и кражби. Нема срам да се изгуби, но има срам да се краде. Овде брутално е украдена изборната волја“, рече Алексиќ.
Видете и ова: Кремљ го „поздрави“ успехот на Вучиќ на изборите во СрбијаТој се осврна и на гласачите кои дојдоа да гласаат во Белград. Како што посочува, причината поради која доцна синоќа на прес-конференција се огласиле е затоа што во Белград има поголеми избирачки места и затоа гласањето траело подолго, па, како што вели, сакале да бидат сигурни во оценката на резултатите.
„Во текот на денот беа објавени неправилности. Арена ја откривме како таква, после што ја испразнија. Проблемот е што Арена не е единствената, Арена беше врвот на ледениот брег.... Ова е доказ за целосниот колапс на државата и за тоа не можеме да молчиме“, истакна Алексиќ.
По обработени 94,74 отсто од гласачките ливчиња на парламентарните избори, изборната листа „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освоила 46,87 отсто од гласовите, покажуваат податоците на веб-страницата на Републичката изборна комисија (РИК).
Најголемата опозициска листа „Србија против насилството“, која се состои од широка коалиција на опозициски партии, освои 23,34 отсто од гласовите.