Граничниот премин „Керем Шалом“ помеѓу Израел и Газа беше отворен за камиони со хуманитарна помош во неделата (17 декември) за првпат од избувнувањето на војната, потврдија официјални лица. Целта на ваквиот потег е да се удвои количеството храна и лекови што стигнуваат до оваа енклавата.
Преминот беше затворен по нападот на Хамас на 7 октомври, а помошта се доставуваше само преку преминот „Рафа“ помеѓу Газа и Египет, за кој Израел рече дека може да прими само 100 камиони дневно.
Два извори во египетската Црвена полумесечина изјавија за Ројтерс дека камионите почнале да влегуваат во недела преку преминот „Керем Шалом“ на пат кон Газа. Еден рече дека станува збор за 79 камиони.
Видете и ова: Хамас го одложи второто ослободување заложници додека Израел не пропушти помош на северот на Газа„Керем Шалом“, на границата меѓу Египет, Израел и Газа, е една од главните транзитни точки за стоки во и надвор од Газа, што овозможува многу побрз транзит од тој на патничкиот премин „Рафах“ кој се наоѓа на неколку километри подалеку.
Израел го одобри влезот на помош минатата недела.
Во меѓувреме, како што пренесува Би-би-си, во потрага за храна луѓе од Газа пресретнале камиони со помош кои влегле преку „Рафах“. Агенцијата на ОН за палестинските бегалци (UNRWA) претходно предупреди дека станува тешко да се испорачува помош бидејќи гладни луѓе ги запираат камионите и ги земаат пакети.