Припадниците на српската заедница од Косово во раните утрински часови со организиран превоз тргнаа кон градовите во Србија за да го остварат своето право на глас на парламентарните избори.
Автобуси со претежно работници вработени во српските институции во Косово тргнуваат секој час наутро. Исто така, луѓето одат да гласаат со приватни автомобили, а гужви има и на премините со Србија.
Србите од Косово гласаат во пограничните градови Куршумлија, Рашка, Тутин и Врање, бидејќи косовската влада не дозволи отворање на избирачки места во српските средини во Косово.
На ист начин, Србите гласаа и на парламентарните и претседателските избори на 3 април 2022 година.
Видете и ова: Изборите во Србија како референдум за владеењето на ВучиќКосовскиот премиер Албин Курти побара да добие директно барање од официјален Белград за одржување српски избори на територијата на Косово, а не за тоа посредник да биде Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Но, официјален Белград одби такво нешто, а српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека „Курти инсистира исклучиво на признавањето на независноста на Косово како услов за одржување на изборите“.
Во Србија денеска се одржуваат и локални избори, но Србите од Косово нема да гласаат на нив, туку само на вонредните парламентарни.
Локалните избори во Косово организирани од Србија не се одржани од 2012 година, кога УНМИК (Привремената цивилна администрација на Мисијата на Обединетите нации) одби да ги спроведе.
Сепак, општините според српскиот систем не се укинати, но Владата на Србија редовно назначува претседатели на привремените општински тела.