Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на претседателските избори во 2024 година како независен кандидат, изјави лидерот на „Праведна Русија“, Сергеј Миронов.
На маргините на состанокот на иницијативната група за предлагање на Путин за уште еден мандат како шеф на државата, Миронов истакна дека Путин нема да биде кандидат ниту за Единствена Русија, ниту за Праведна Русија, туку дека ќе собира потписи, пренесе РИА Новости.
„Денеска на состанокот на организацискиот одбор ќе биде објавено дека Путин не доаѓа како кандидат од ниту една партија – ниту од Единствена Русија, ниту од нашата. Ќе собира потписи“, рече Миронов.
Тој изјави дека „Праведна Русија“ ќе учествува во собирањето потписи заедно со Народниот фронт.
Видете и ова: Руската опозиција ветува борба против Путин на изборитеНа 8 декември Путин го најави своето учество на претседателските избори следната година.
Досега четири пати беше избиран на највисоката државна функција: 2000, 2004, 2012 и 2018 година.
По усвојувањето на амандманот на Уставот, тој доби право да се кандидира на изборите следната година.
Централната изборна комисија донесе одлука според која гласањето ќе трае три дена – од 15 до 17 март.