Незадоволството од реакцијата на државата по масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград беше причина за уште еден протест на родителите на децата убиени во масакрот на 3 мај 2023 година во тоа училиште.
Неколку десетици граѓани во Белград напладне се собраа пред училиштето на средба иницирана од родителите на убиените ученици.
Малолетниот К.К. убил девет ученици и еден училиштен чувар. Во вооружениот напад рани шест лица, од кои пет деца и една наставничка.
Од тој ден, Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт против В.К. и М.К., родители на малолетникот кој го изврши масовно убиство.
Паралелно со оваа постапка се води и парнична постапка по приватна тужба на 27 семејства.
Видете и ова: Семејствата на загинатите во „Рибникар“ до медиумите: Не го негувајте култот на злотоМомчето К.К. не се гони кривично бидејќи во моментот кога го изврши масовното убиство имал 13 години. Моментално е во Психијатриската клиника за деца и млади во Белград.
На протестот насобраните родители граѓани го обоија натписот „училиште“ на асфалтот на улицата недалеку од влезот на училиштето, а потоа истурија црвена боја пред оваа образовна институција.
На прозорците од училиштето граѓаните залепија налепници со натписи „Вратете ја безбедноста во училиштата“, „Србијо, стани! Децата не ти се безбедни“ и „Нема да ви простиме за децата“.
Родителите исто така организираа протест и на 29 ноември, а едно од нивните главни барања беше просторот каде што беа убиени учениците да стане меморијален центар.
Министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ тогаш изјави дека родителите ќе одлучат за изгледот на идниот меморијален центар.
Во петокот, на 15 декември, министерката побара училиштата во Србија да не организираат новогодишни прослави овој декември поради злосторот што се случи во мај во „Владислав Рибникар“.