Украинското Министерство за внатрешни работи (МВР) од 15 декември распиша потерница по поглаварот на Руската православна црква, кој ја поддржува војната на Кремљ против Киев.
Ваквиот потег следува откако безбедносните служби го обвинија дека го поддржува конфликтот.
Мерката е чисто симболична бидејќи патријархот Кирил е во Русија и не е под закана од апсење.
Ова се смета за најнов чекор во кампањата на Украина за искоренување на влијанието на свештениците за кои се тврди дека имаат блиски релации со Русија и го поткопуваат украинското општество.
Видете и ова: Што направил архимандритот Васијан пред Бугарија да го протера?Објавувањето на налогот на украинското МВР го идентификуваше Кирил по име и го опиша како „лице кое се крие од властите во предистражната постапка“.
Се наведува дека му се губи трага од 11 ноември.
Властите во Киев, претходно, против свештеник покренаа кривична постапка поврзана со огранокот на православната црква, кој некогаш бил директно поврзан со Руската црква и патријархот Кирил.
Украинската служба за безбедност минатиот месец објави документ во кој се вели дека Кирил го нарушил украинскиот суверенитет.
Безбедносните сили покренаа десетици кривични случаи, вклучително и обвиненија за предавство, против свештеници и службеници поврзани со огранокот на црквата близок до Москва.
Кирил ги осуди овие постапки и апелираше до свештеничките водачи ширум светот да ги запрат потезите на Украина против црквата.