Протест во Подгорица поради неказнување на насилство врз жени

Протест поради казна за семејно насилство за која граѓанските организации сметаат дека е „срамно ниска“, Подгорица, Црна Гора, 15 декември 2023

Неколку невладини организации протестираа пред Владата на Црна Гора во Подгорица поради пресудата на Вишиот суд со која Далибор Николиќ беше осуден на 12 години затвор, иако беше утврдено дека со часови брутално ја тепал сопругата Зимрита Нерда поради што таа починала.

На толпата им се обрати Миранда Нерда, објавувајќи дека нејзината сестра Зимрита трпела брутално насилство цели 11 години.

"Дваесет нови модринки секој ден. Каде е правдата? Траумите на нејзините деца ќе траат вечно. Мислев дека чудовиштето ќе научи лекција", изјави Миранда Нерда.

Таа ги повика граѓаните да го кренат својот глас за да не им се случи истото со нивните мајки, сестри и ќерки.

Видете и ова: Маж си ја уби поранешната партнерка во Сараево, во станот бил и нивниот четиригодишен син


Високиот суд ја донесе пресуда на 11 декември. Судот ја отфрли квалификацијата на обвинителот дека Николиќ извршил тешко убиство за што е предвидена затворска казна од 40 години и го осуди на 12 години за кривично дело „семејно насилство со смртни последици“.

Стотина луѓе собрани во организацијата на Центарот за правата на жените носеа транспаренти со кои ја осудуваат ниската казна за обвинетиот и ја предупредија државата дека не ги штити жртвите на насилство.

На транспарентите пишуваше: „Двапати умира жртвата на фемицид во Црна Гора“, „Не сакам да бидам храбра, сакам да бидам безбедна“, „Смрт за патријархатот, а не за жените“, „Не си маж ако ти си насилник“.

„Бараме ефикасен систем кој ќе го спречи насилството и ќе ги заштити жртвите. Нема да се откажеме додека државата не го воспостави“, се наведува во барањата.

Видете и ова: Кумановец ги убил сопругата и нејзината мајка, па се самоубил


Од граѓанската средба беше најавено дека протестите ќе продолжат доколку Владата не иницира механизми против неказнивост на насилството.

Судот ја прифати изјавата на Далибор Николиќ дека „немал намера да ја убие сопругата“, иако во текот на судењето беше утврдено дека со часови, со палка и тупаници, пред очите на нивните три деца ја тепал сопругата.

Ова е втор протест за оваа пресуда.

Првиот се одржа на 12 декември. Тогаш невладините протестираа пред Вишиот суд барајќи да се исправи пресудата оценувајќи дека е „срамно ниска“.

Истиот ден, Високиот суд објави дека „ја разбира силната реакција на јавноста за пресудата на Николиќ“ и рече дека второстепениот суд ќе се произнесе по пресудата.