Кремљ објави дека одлуката на Брисел да ги приближи Украина, Молдавија и Грузија до членство во ЕУ може да го „дестабилизира“ блокот.
„Ова е апсолутно исполитизирана одлука - желбата на ЕУ да покаже поддршка за овие земји на овој начин. Но, се разбира, таквите нови членки всушност можат да ја дестабилизираат ЕУ“, изјави на 15 декември портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Неговите коментари доаѓаат еден ден откако лидерите на земјите-членки на ЕУ го одобрија отворањето на пристапните преговори за членство со Украина и Молдавија, а Грузија доби кандидатски статус.
Видете и ова: ЕУ ќе започне преговори за членство со Украина и Молдавија
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека одлуката од самитот на ЕУ е „јасен знак на надеж“ за граѓаните на тие земји и за целиот континент.
„Ова е исклучително важно, бидејќи сакаме да ја поддржиме Украина. Ова е многу силен политички сигнал, тоа е многу моќна политичка одлука и вечерва мислам на народот на Украина, ние сме на нивна страна и оваа одлука донесена од членката земјите се многу важни за Европската Унија“, изјави Мишел.
Самитот на Европската Унија се одржува во еден од клучните моменти за одговорот на Украина на руската инвазија - откако контраофанзивата против Русија не постигна значителен напредок, а имајќи предвид дека администрацијата на Бајден досега не можеше да добие пакет помош од 60 милијарди долари до Киев преку Конгресот.