Изборите во Србија во недела, на 17 декември, ќе ги следат 5587 домашни и странски набљудувачи, што е рекорден број контролори на досега одржаните гласачки места, изјави претседателот на Републичката изборна комисија (РИК) Владимир Димитријевиќ.
Тој за Радио и телевизија на Србија (РТС) изјави дека ќе бидат отворени 8273 избирачки места.
„Конечните резултати од изборите ќе се знаат до Нова година. Тогаш рокот е 30 дена за формирање на Собрание и 90 дена за формирање на Влада, така што можеме да го очекуваме напролет“, рече Димитријевиќ.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Од 15 декември во Србија е изборен молк до крајот на гласањето во недела во 20 часот.
Граѓаните на Србија на 17 декември на вонредни парламентарни избори ќе изберат 250 пратеници во српскиот парламент. Ќе се гласа и на покраинските избори во Војводина.
Истиот ден се одржуваат локални избори во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград.
Републичката изборна комисија (РИК) соопшти дека бројот на гласачи во Србија за парламентарните избори е 6 500 165, а во Белград 1 613 190 гласачи. На парламентарните избори учествуваат 18 листи со 2818 кандидати за пратеници.
На изборите за Собранието на Белград граѓаните ќе избираат од 14 изборни листи. Гласачките места се отворени во недела во седум часот.