Владата донела одлука да пренамени 32,5 милиони евра од буџетот за да може да се реализираат 66 општински проекти.
Одлуката е донесена на седницата на Владата одржана на 14 декември.
Пари ќе има и за скопските општини и Град Скопје, но и за други општини низ земјата. Во земјата има 80 општини и Град Скопје.
Парите ќе бидат наменети за изградба и доградба на образовни и здравствени институции, спортски објекти, инфраструктура, како патишта, мостови, улици, пречистителни станици.
Најголем дел од општините во земјата едвај преживуваат, па немаат пари за капитални инвестиции.
Половина од вкупните приходи на општините се од дотации од централната власт, покажуваат податоците на Државниот завод за ревизија.
Видете и ова: Се жалат на празни каси, а потфрлаат во наплатата на данок на имотВладата ја предводи СДСМ, но на локално ниво власта е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.
Темата - пари за општините повторно стана актуелна, како се набличуваат избори. Следната година во мај треба да се одржат парламентарни и претседателски избори.
Од Владата велат дека грижат за граѓаните и за нивните потреби во сите општини.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски, недомана изјави дека кога тие ќе дојдат на власт, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди 1 милијарда евра во четиригодишен мандат или 250 милиони годишно за општините за капитални инвестиции.