Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел објави дека лидерите на Европската унија (ЕУ) се согласиле да започнат преговори за членство со Украина. Оваа одлука украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави како „победа“ за неговата земја и Европа.
„Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија“, објави Мишел на 14 декември на самитот на ЕУ во Брисел.
„Ова е победа за Украина. Победа за цела Европа. Победа која мотивира, инспирира и зајакнува“, напиша Зеленски на платформата X, поранешен Твитер.
Мишел соопшти дека на самитот ѝ е доделен статус на кандидат за ЕУ на Грузија, а за Босна и Херцеговина е изразена подготвеност да ги отворат преговорите за членство „кога ќе се постигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство“.
Видете и ова: Нацрт заклучоци на Самитот на ЕУ: Зелено светло за преговори за Украина и Молдавија, БиХ треба да ги исполни критериумите за членствоЗасега нема коментар од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вети дека ќе го блокира отворањето на преговорите за членство на Украина.
Орбан претходно на 14 декември, инсистираше на тоа дека ЕУ не треба да започне преговори за членство со Украина.
Самитот на шефовите на држави и влади се одржува на 14 и 15 декември во Брисел.