Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на 14 декември пристигна во ненајавена посета на базата на американската армија во Германија. Посетата на Зеленски е во време кога во Брисел започна клучниот самит на Европската унија и додека тој се обидува да осигура дека западните земји ќе продолжат да испраќаат воена помош.
Зеленски пристигна во базата на американската армија во Визбаден, каде што Министерството за одбрана на САД минатата година основаше нова организација за координирање на долгорочната помош на безбедносните сили.
„Целта на патувањето е „да се посети [американската] воена база во Визбаден, од каде што се координира помошта од партнерите“, рече портпаролот на Зеленски, Сергиј Никифоров.
Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, објави германско знаме и свиткан бицепс на социјалната мрежа „X“, поранешен Твитер.
Патувањето во Визбаден доаѓа истиот ден кога рускиот претседател Владимир Путин, за време на неговата годишна прес-конференција дека поддршката за Украина од Западот „може да заврши во одреден момент и очигледно таа завршува малку по малку“.
Зеленски претходно ги повика лидерите кои присуствуваа на самитот на ЕУ да дадат зелено светло на отворањето на преговорите за членство на Киев со Унијата.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ја објави одлуката за започнување преговори за членство со Украина и Молдавија.