Зеленски во Норвешка за обезбедување понатамошна поддршка од нордиските земји за Украина

Володимир Зеленски, претседател на Украина (Илустративна фотографија)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се наоѓа во Осло на разговори со норвешкиот премиер Јонас Гар Сроере, но со и другите нордиски лидери за понатамошна поддршка за Украина во нејзината војна против руската инвазија, која полека но сигурно влегува во својата трета година.

Зеленски, исто така, треба да присуствува на самитот на кој ќе се соберат лидерите на петте нордиски земји - Данска, Финска, Исланд, Норвешка и Шведска - кои се меѓу главните донатори на Украина.

Претседателот на Украина дојде во Норвешка откако десетици луѓе, меѓу кои и деца, беа повредени во нов руски ракетен напад врз Киев.

Тој пристигна во нордиската земја по средбите кои ги имаше во Вашингтон со американскиот претседател Џо Бајден и претставници на Конгресот, каде што презентираше аргументи за продолжување на американската воена поддршка за неговата земја.

Во Осло Зеленски напиша на Телеграм дека тој и Бајден ќе работат на зголемување на бројот на системи за воздушна одбрана на Украина за да се одбијат нападите како оној што се случи во Киев.

„Десет балистички ракети. Сите соборени!“, напиша Зеленски, додавајќи: „Токму вчера, претседателот Бајден и јас се договоривме да работиме на зголемување на бројот на системи за противвоздушна одбрана во Украина. Таа терористичка земја (Русија) покажа колку е важна оваа одлука.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Бајден - Зеленски: Русија не успеа да ја избрише Украина од мапата

„Ќе продолжиме да работиме на изградбата на нашите одбранбени капацитети. И веќе имаме нови моќни договори“, напиша тој.

Стјоре во соопштението наведе дека со Зеленски ќе разговараат за зајакнување на норвешката поддршка за Украина.

„Мило ми е што имам шанса да му посакам добредојде на Володимир Зеленски во Норвешка. Норвешка ќе продолжи да ја поддржува Украина да се брани. Ние обезбедуваме насочена, долгорочна поддршка на нејзината борба за слобода и демократија. Напорите на Украина се важни за зачувување на слободата и безбедноста и овде во Норвешка“, изјави Сроере.

Покрај со Сроере, Зеленски ќе се сретне и со финскиот претседател Саулин Ниниште, исландската премиерка Катрин Јакобсдотир, данската премиерка Мете Фредериксен, како и со шведскиот премиер Улф Кристерсон на нордискиот самит. Шесте лидери потоа ќе одржат и прес-конференција, соопшти норвешката влада.