Унгарскиот парламент го усвои Законот за заштита на националниот суверенитет со цел, како што се наведува, да се одбрани од несоодветно политичко мешање на странски лица или групи.
Новиот закон, кој беше усвоен со 141 глас „за“ и 50 „против“, формира специјално тело кое ќе го истражува и следи ризикот од политичко мешање, пренесува Ројтерс.
Странско финансирање на партии или групи кои учествуваат на избори е забрането и се казнува со затвор до три години.
Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, претходно побара од претставниците на владејачката партија Фидес да се откажат од предложениот закон.
Видете и ова: Членките на ЕУ бараат од Унгарија да не ја блокира поддршката за УкраинаТаа рече дека законот „ќе и дозволи на новата влада да бара чувствителни податоци и приватни информации од кој било без соодветен надзор“.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е на власт од 2010 година, ги отфрли обвинувањата дека ја поткопува демократијата во Унгарија.
Пакетот закони, кој беше поднесен од Мате Коцис, лидерот на фракцијата Фидес, овозможува партиите кои прифаќаат странски пари во кампањата да бидат погодени со построги санкции од порано, дури и затворски казни.
Шефот на организацијата е назначен од претседателот на Републиката Каталин Новак по препорака на Виктор Орбан.