Пораст на заразени од „100-дневна кашлица“ во Велика Британија

илустрација

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за многу заразна болест позната како „100-дневна кашлица“ што брзо се шири низ Велика Британија. Бактериската инфекција, започнува со симптоми слични на настинка, но може да напредува до интензивни напади на кашлање што траат до три месеци.

Агенцијата за здравствена безбедност на островот соопшти дека имало 716 случаи на голема кашлица, бактериска инфекција на белите дробови, меѓу јули и ноември - трипати повеќе од истиот период во 2022 година.

Не само бебињата, туку и постарите деца и возрасните можат да добијат голема кашлица.

Видете и ова: Кина презеде превентивни мерки по појавата на респираторни заболувања

Оваа „100-дневна кашлица“ може да предизвика хернија, воспалени ребра, инфекции на средното уво и уринарни проблеми.

Националниот институт за алергија и заразни болести во Велика Британија нагласува дека големата кашлица може да го отежне дишењето. Интензивното кашлање може да доведе и до повраќање и воспалени или дури и скршени ребра.

Во Хрватска пред само две недели беа регистрирани повеќе од 1000 случаи на голема кашлица.