На климатскиот самит на Обединетите нации, KOП28, во Дубаи, утринава (13 демкември) беше објавен нов нацрт на конечниот договор, со кој се повикуваат земјите да се префрлат од користење фосилни горива на други видови извори на енергија оваа деценија, но не и да ги укинат како што побараа многу земји учеснички на самитот.
На ниту еден претходен самит на ОН за климата, земјите не се договорија за начините за постепено укинување на употребата на нафта, гас и јаглен.
И генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, осудувајќи го недостатокот на „политичка волја“ во спречувањето на „климатската катастрофа“, повика на „постепено исфрлање“ на фосилните горива.
Видете и ова: Меѓународни кредитори со 4 милијарди евра ќе го помагаат откажувањето од јагленНеодамна преговарачите од земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) и пратениците постигнаа договор за нови правила за намалување на емисиите на метан, кои ќе постават нови барања за индустријата за јаглен, гас и нафта.
Според експертите, метанот е една од најголемите причинители за климатските промени, веднаш по јаглерод диоксидот. Овој гас предизвикува и сериозни здравствени проблеми.