Затворениот опозициски политичар Алексеј Навални, наводно е префрлен во притворен центар во Москва од казнената колонија во Владимирската област, поради новото кривично дело отворено против јавниот критичар на Кремљ, откако Европската унија повторно повика на негово итно ослободување.
Каналот на Телеграм, поврзан со руската влада, на 12 декември објави дека Навални, кој речиси една недела беше изчезнат поради што пропуштил неколку судски рочишта, бил пренесен во главниот град како дел од истрагата за неговите постапки во случај поврзан со вандализам, во кој повторно тој е обвинет.
Овој извештај доаѓа еден ден откако на адвокатот на Навални му беше кажано дека неговиот клиент бил префрлен од казнена колонија во неодредена институција поради загриженоста на соработниците на Навални дека тој бил држен во некомуникација и дека неговото здравје може да биде загрозено.
Навални отслужува вкупно 19 години затвор поради екстремизам и други обвиненија кои тој ги отфрла како политички мотивирани.
Се очекуваше тој да биде префрлен во построга установа за „специјален режим“ откако неговата казна беше зголемена на 19 години во август годинава, под обвинение за создавање екстремистичка организација, нешто што Навални и неговите поддржувачи, исто така, го отфрлија како политички мотивирана хајка против него.
Видете и ова: Навални со денови во изолација, адвокатите не смеат да го видатСегашната изолација на Навални од надворешниот свет се совпаѓа со кампањата што неговиот тим ја започна на 7 декември против рускиот претседател Владимир Путин. Тој ден, Горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата, го одреди 17 март 2024 година како датум за претседателски избори.
Европската унија на 12 декември го повтори својот повик за ослободување на Навални, при што највисокиот политички функционер на блокот, Жозеп Борел, рече дека е „многу загрижувачки“ што рускиот активист исчезнал.
„Руското политичко раководство е одговорно за неговата безбедност и здравје во затворот за што ќе одговараат“, напиша Борел на социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер.
Видете и ова: Руската опозиција ветува борба против Путин на изборитеПортпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, сепак, рече дека претседателската администрација „нема можност“ да ја следи судбината на кој било затвореник, вклучително и Навални.
Песков додаде дека „мешањето“ во случувањата околу Навални се „неприфатливи“.
Путин, кој ја води земјата како премиер или претседател уште од 1999 година, има право да учествува на уште два претседателски избори поради уставните амандмани воведени во 2020 година. Се очекува тој лесно да победи на изборите.
Претходната казна на Навални беше изречена во 2021 година, откако тој пристигна во Москва од Германија, каде што се опоравуваше од нападот со труење за кој го обвини Кремљ, за што Кремљ негираше. Тој беше најгласниот руски опозициски глас и организираше огромни антивладини собири пред да биде затворен.