Најголемиот украински мобилен оператор, „Киевстар“, не функционира откако беше цел на масовен хакерски напад на 12 декември, предизвикувајќи сериозни нарушувања во комуникациите низ целата земја и оставајќи милиони луѓе без оваа услуга во земјата разурната од војна.
„Утрово бевме цел на моќен хакерски напад. Тоа предизвика технички дефект што ги направи привремено недостапни мобилната комуникација и пристапот до интернет“, се вели во соопштението на „Киевстар“, додека нејзиниот главен извршен директор Олександр Комаров за украинската телевизија изјави дека мрежата мораше да се исклучи за да се реши, како што тој го нарече, овој „непријателски потег“
Сајбер нападот, наводно, оставил повеќе од 24 милиони претплатници без услуга. Плаќањата со картички беа оневозможени низ Украина, бидејќи системот на „Киевстар“ е критичен за плаќањата со картички во повеќето комерцијални продавници.
„Нападот значително ја оштети ИТ инфраструктурата и доведе до ограничен пристап. Не можевме да се спротивставиме на виртуелно ниво, па физички го исклучивме „Киевстар“ за да го ограничиме пристапот на непријателот“, изјави Комаров за државната телевизија.
Видете и ова: Хакери поврзани со руското разузнавање ја саботирале украинската електрична мрежа ланиАгенциите за спроведување на законот, вклучително и Украинската служба за безбедност (СБУ) го истражуваа инцидентот, рече Комаров, истакнувајќи дека „ова е војна, која се води не само на бојното поле, туку и на виртуелниот простор“.
Прес-службата на Украинската безбедносна служба за РСЕ потврди дека започнала истрага за сајбер-нападот, посочувајќи дека предмет на истрага е „недозволеното мешање во активностите на социјалните мрежи, создавање малициозен софтвер, нарушување на територијалниот интегритет на Украина, велепредавство, саботажа, водење на агресивна војна, кршење на законот за војна и учество во активности на криминална група“.
Русија постојано се обидува да користи сајбер напади против Украина и тоа уште од почетокот на нејзината неиспровоцирана инвазија од февруари минатата година.
Од друга страна пак, главната управа на военото разузнавање на Украина (ХУР), во соопштение на 12 декември соопшти дека извршила „успешен“ сајбер напад врз Федералната даночна служба на Русија.
„Киевстар“ информираше дека личните податоци на нивните клиенти не биле загрозени, додека вицепремиерот Олександр Кубраков, во изјава за медиумите рече дека „Киевстар“ ќе продолжи со работа во рок од четири до пет часа.
Видете и ова: Мајкрософт предупредува- руски хакери подготвуваат нов бран сајбер напади врз УкраинаСепак, Киевстар сè уште беше во прекин во раните попладневни часови по локално време, а властите во Суми рекоа дека системот за предупредување за воздушен напад во североисточниот град „привремено не бил во функција“, објави АФП.
Во меѓувреме, Монобанк, една од најголемите онлајн банки во Украина, соопшти дека успеала да спречи масовен сајбер напад со дистрибуирано одбивање на услугата.
„Нападот беше успешно спречен. Монобанк е непробојна за вакви напади“, напиша на социјалната мрежа Телеграм, коосновачот на Монобанк, Олех Хороховски.