Најмалку 23 загинати во напад на воена зграда во Пакистан

илустрација

Најмалку 23 лица загинале во вторник (12 декември) во напад врз воена зграда во северозападен Пакистан.

Група поврзана со пакистанските Талибанци ја презеде одговорноста за, како што се верува, самоубиствен напад, соопштија официјални лица.

„Жртвите се убиени додека спиеле, а биле облечени во цивилна облека. Се утврдува дали сите жртви се војници“, изјавил неименуван функционер.

Во нападот биле ранети најмалку 27 лица.

Пакистанската војска не излезе со соопштение во врска со нападот.