Азербејџан ќе биде домаќин на следниот самит за клима

Самит за клима во Дубаи.

Азербејџан ќе биде домаќин на Климатскиот самит на Обединетите нации следната година, беше одлучено на Самитот за клима (КОП 28) во Дубаи на 11 декември.

Предлогот за одржување на Самитот во Азербејџан беше одобрен откако доби поддршка од источноевропските нации на 9 декември по неколкумесечниот ќорсокак и откако постигна договор со соседот и противник Ерменија дека нема да стави вето на потегот.

Видете и ова: Меѓународни кредитори со 4 милијарди евра ќе го помагаат откажувањето од јаглен

Самата одлука за тоа кој ќе биде домаќин на КОП29 беше одложена откако Русија објави дека ќе стави вето на предлогот домаќин да биде нeкoja земја од ЕУ.