Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиeва, ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон на 11 декември, изјави портпаролот на ММФ.
Извршниот одбор на Фондот е подготвен да ослободи повеќе средства од програмата за заем на земјата од 15,6 милијарди долари, вели портпаролот.
Портпаролот на ММФ потврди дека Георгиева ќе се сретне со Зеленски, но не даде детали во кое време ќе биде средбата или состанокот на одборот.
Одборот на директори на ММФ претходно одобри четиригодишен заем од 15,6 милијарди долари за Украина, како дел од глобалниот пакет помош за поддршка на економијата на земјата која се бори со руската инвазија од февруари 2022.
Видете и ова: Бајден го повика Зеленски на разговори во Белата куќаПредвидено е Зеленски да се сретне и со американскиот претседател Џо Бајден и со високи претставници на Конгресот додека е во Вашингтон.
Претседателот на Соединетите Држави, Џо Бајден во вторник (12 декември) ќе биде домаќин на својот украински колега Володимир Зеленски, со кого ќе има средба во Белата куќа. Бајден го повика Зеленски за „да ја нагласи непоколебливата посветеност на САД да го поддржат народот на Украина додека тие се бранат од бруталната руска инвазија“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.