Основниот суд во Приштина во понеделник (11 декември) му одреди притвор на Т.Д., четвртиот осомничен за кој се верува дека е поврзан со убиството на Лиридона Мурсели.
Лиридона беше убиена на 29 ноември во село во близина на Приштина.
За тројца мажи, кои се осомничени дека се вмешани во убиството, меѓу кои и нејзиниот сопруг Наим Мурсели, судот пред неколку дена им одреди иста мерка притвор.
Четвртоосомничениот Т.Д., беше уапсен изминатите денови.
Според судското соопштение, постои сомневање дека обвинетиот доколку биде ослободен може да влијае на жртвите и на сведоците.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Се претпоставува дека на 29 ноември околу 14:00 часот пријавениот на работното место на Н.М. и Г.П им продал пиштол со кој наводно е извршено убиството за да се стекне со парична корист.
Властите во Косово најостро го осудија убиството на Лиридона.
Остри реакции предизвика особено тоа што се сомнева дека убиството е извршено во присуство на двете деца на Лиридона.
Нејзиното тело беше ексхумирано неколку дена по погребот и повторно погребано на семејните гробишта.Само оваа година на Косово се убиени четири жени.
Од јануари до ноември во оваа земја се пријавени околу 2000 случаи на семејно насилство.
Според министерката за правда Албуљена Хаџиу, 90 отсто од жртвите на ова насилство биле жени и девојчиња.