Соработниците на затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални во понеделникот(11 декември) изјавија дека познатиот критичар на Кремљ е спречен да комуницира со нив речиси една недела, а неговите адвокати не смеат да се сретнат со него во казнената колонија, пренесува рускиот сервис на РСЕ.
Портпаролката на Навални, Кира Џармиш, на мрежата Х напиша дека казнената колонија каде што Навални отслужува вкупно 19 години затвор за екстремизам и други обвиненија кои тој ги отфрла како политички мотивирани, не обезбедила видео врска за неговото сослушување на 11 декември, наведувајќи ги проблемите со напојувањето што започнале на 7 декември.
„Веќе шести ден не знаеме каде е Алексеј и што се случува со него“, напиша Јармиш.
Видете и ова: Навални е „исчезнат“ веќе три дена, предупредуваат приврзаниците на рускиот опозициски лидерНа 1 декември Навални изјави дека против него е отворено ново кривично дело под обвинение за вандализам.
Адвокатите на Навални се пожалија дека од 6 декември не смеат да се видат со својот клиент.
Џармиш и другиот соработник на Навални, Руслан Шаветдинов, претходно рекоа дека Навални се чувствувал многу лошо во својата ќелија кон крајот на ноември и почетокот на декември, откако затворските чувари не му дале храна и пристап до свеж воздух, го држеле во самица и му ги ограничиле прошетките надвор од ќелијата.
Изолацијата на Навални од неговите адвокати и надворешниот свет се совпадна со кампањата што неговиот тим ја започна на 7 декември против претседателот Владимир Путин. На тој ден, Горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата, го одреди 17 март 2024 година како датум за претседателските избори.
Видете и ова: Навални- Путин ако победи ќе ја уништи РусијаНа Путин, кој ја водеше земјата како премиер или претседател од 1999 година, му беше дозволено да се кандидира уште двапати на претседателските избори со измена на уставот во 2021 година. Се очекува тој лесно да победи на изборите.
Во август, казната на Навални беше зголемена на 19 години, откако беше прогласен за виновен за создавање екстремистичка организација и беше префрлен во построга институција со „специјален режим“.
Тој претходно беше осуден во 2021 година, откако се врати во Москва од Германија, каде што се опоравуваше од нападот со труење за кој беше обвинет Кремљ.
Тројца од поранешните адвокати на Навални - Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј Липстер, беа приведени во октомври и обвинети за учество во активности на екстремистичка група поради нивната поврзаност со Навални и неговата антикорупциска фондација.