Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека земјава во текот на наредната година ќе се врати на нормалните години на стапките на инфлација и покрај тоа што, како што вели, ќе биде година на закрепнување од сите економски неприлики што се случија или што се случуваат веќе четири години од 2020 година.
„Последниот податок укажува дека тенденцијата и трендот на намалување на инфлацијата веќе не носи таму кај што сме биле. Очекуваме следната година да бидеме на нивото од 2 до 2,5 отсто на инфлација и толкав ист годишен раст на БДП“, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Кочани.
Видете и ова: Власта со Буџетот ветува повисоки плати, синдикатите гледаат кратењеТој агласи дека и покрај тоа што наредната година има два изборни циклуси – претседателски и парламентарни избори, треба да се направи се за да не направат негативно влијание врз економијата.
„Сметам дека треба умешно да ги искористиме месеците што ги имаме на располагање за да не направиме негативно влијание на економијата и со тоа да го вратиме реалниот живот на граѓаните во реалните стапки на раст“, потенцира Битиќи.
Официјалните податоци покажуваат дека вкупната инфлација сега е на едноцифрена бројка, откако во октомври 2022 година достигна 19,8 отсто според Државниот завод за статистика.
Светската банка во извештајот за земјите во извештајот за земјите од Западен Балкан што го објави есенва наведува дека вкупната инфлација забавува, но дека се предвидува и понатаму да биде висока во 2023 година.