СЗО: Здравствениот систем во Газа е на колена

Првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус

Првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус вели дека „влијанието на конфликтот врз здравјето е катастрофално“, додавајќи дека „здравствениот систем во Газа е на колена и се урива“.

На настанот во Женева, тој истакна дека операциите на Израел, кои ги принудуваат Палестинците на потесни области, создаваат „идеални услови за ширење на болеста“.

Видете и ова: Околу 1,8 милиони луѓе внатрешно раселени во Појасот Газа

Тој предупреди дека има само еден туш на секои 750 луѓе и еден тоалет на секои 150.

„Само 14 болници од првичните 36 (во Појасот Газа) се делумно функционални, две на север од Појасот Газа и 12 на југ.“, додаде тој.

Според него, условите под кои работат здравствените работници се „невозможни и тие се директно во линијата на огнот“.

СЗО регистрирала 449 напади врз здравствената заштита во Газа и на Западниот Брег од почетокот на конфликтот на 7 октомври, односно 60 на територијата на Израел.