Претседателски избори во Египет

Поддржувач држи слика од претседателот Абдел Фатах ал Сиси на првиот ден од претседателските избори во Египет, Каиро, 10 декември 2023 година

Во неделата во Египет беа отворени гласачките места за претседателските избори, а резултатите од предизборните анкети покажуваат дека актуелниот претседател Абдел Фатах ал Сиси ќе добие нов шестгодишен мандат.

Гласањето на претседателските избори во Египет трае три дена. Избирачките места се отвораат во 9:00 часот по локално време, а затвораат во 19:00 часот. Резултатите од изборите треба да бидат објавени на 18 декември.

Според податоците на изборните органи, во Египет се регистрирани околу 67 милиони гласачи од вкупно 104 милиони жители.