Украинскиот омбудсман за човекови права Дмитро Лубинец рече дека се надева оти коалицијата на земји, формирана за да го олесни враќањето на украинските деца нелегално депортирани од Русија, ќе може да излезе со побрз механизам за нивно враќање.
Лубинец верува верува дека повеќе од 19.000 деца се во Русија или во окупираните региони на Украина.
По првиот состанок на Националната коалиција на земји за враќање на украинските деца, основана по препорака на Канада, Лубинец им изјави на новинарите дека Русија продолжува да ги депортира украинските деца на териториите што ги контролира.
Видете и ова: Кампања за принудување на Украинците да станат руски државјаниТој нагласи дека првиот состанок на коалицијата дал „многу позитивни резултати“, но апелираше за „конкретни механизми за враќање на украинските деца“.
„Ова значи изнаоѓање механизам за идентификација на украинските деца кои ги држи Русија, процес на враќање и финансиска поддршка и помош кога ќе се вратат на украинска територија“, додаде тој.
На почетокот на оваа година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за правата на децата Марија Лвова-Белова за наводно незаконско депортирање на украински деца на територија под контрола на Русија.
Видете и ова: Меѓународниот кривичен суд побара апсење на Путин за воени злосторстваРуските власти најавија дека не ги депортираат украинските деца, туку ги евакуираат за да ги заштитат од војната.