Владејачката СДСМ гледа „добро решение“ во одлуката Талат Џафери да биде технички премиер три месеци пред избори, додека за ВМРО-ДПМНЕ, со неговиот избор сметаат дека се случува „целосна ДУИ - зација на Македонија.
„Сметаме дека Талат Џафери е соодветно и добро решение“, изјави Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ, одговарајќи на прашање дали за нивната партија е прифатлива одлуката на ДУИ актуелниот претседател на Собранието да биде технички премиер сто дена пред изборите што ќе се одржат напролет.
Марковска рече дека се очекува утре на состанок на Извршниот одбор на СДСМ, закажан од лидерот на партијата и премиер Димитар Ковачевски, нивниот сопартиец Јован Митрески да биде предложен за претседател на Собранието и предлогот да биде потврден од највисокото партиско раководство.
Видете и ова: На 8 мај ќе се гласа на двојни избори – падна договор на лидерскатаЗа ВМРО-ДПМНЕ, пак, Ковачевски е спремен сѐ да им отстапни на ДУИ на штета на македонскиот народ. Од опозициската партија велат дека не е прифатен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, за да може Џафери да биде премиер.
„Криминалците од ДУИ целосно го преземаа управувањето со државата, затоа и во Македонија цвета криминалот и корупцијата. Џафери или командант Форина во 2001 година дезертирал од македонската Армија и преминува во УЧК. А јавноста е сведок и на низа прекршувања на собраниски процедури од страна на Џафери, како употреба на европското знаменце на закони кои немаа врска со европската регулатива, само имаа врска со криминалиите на ДУИ“, се вели во партиското соопштение.
За претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, одлуката технички премиер да биде Џафери „е симболика и треба да се поддржи од сите“.
„Ова е договор меѓу ДУИ и СДСМ од почетокот на мандатот. За нас тоа е симболика, секако ќе го поддржиме. Мислам дека секоја албанска партија, па и сите, треба да покажеме широкоградост во овие моменти и да продолжиме понатаму да имаме успешни избори, изјави Арбен Таравари.
Со став излезе и претседателот на Демократско движење, Изет Меџити.
„Руринирана куќа со реновирана фасада. Вака работи техничкиот премиер“, е коментарот на Меџити за изборот на Џафери за технички премиер.
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, пак, не поддржува формирање на техничка Влада, а како што наведуваат „уште помалку со премиер од редовите на ДУИ“.
„Со доминацијата на ДУИ, која има само 13 пратеници од вкупно 120 пратеници, се покажува и потврдува определбата на СДСМ по секоја цена да биде на власт, не водејќи сметка за националните и државни интереси, како и за интересите на мнозинскиот македонски народ“, се вели во партиското соопштение.
Видете и ова: Џафери: Функцијата премиер ќе ја извршувам со должна почит и одговорностВчера, актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери се заблагодари на номинацијата од ДУИ да биде премиер на техничката влада сто дена пред парламентарните избори што треба да се одржат следната година.