Царинската управа заплени 516 делови за камиони и едно АТВ возило

Царинска управа - граничен премин

Вкупно 516 различни делови за камиони и едно АТВ возило се запленети од страна на царинските службеници на граничниот премин Богородица и на царинска испостава Струмица.

Обидот за нелегален внес на делови за камиони е откриен од страна на царинските службеници на влез на граничниот премин Богородица.

„Возачот на камионот, против кој е поднесена прекршочна постапка, се обидел да ги прошверцува деловите за камиони, криејќи ги во различни делови на возилото. За време на контролата, во внатрешноста на задните седишта, под и помеѓу седиштата, и во багажникот кај резервната гума се пронајдени вкупно 516 различни делови за камиони“, велат од Царинската управа.

Видете и ова: Царина заплени шверцувани обврзници во вредност од 92 милиони долари

Во друг случај на царинска испостава Струмица е запленето едно АТВ возило, кое е откриено од страна на царинските службеници при контрола на стока пријавена за увозно царинење.

Возилото кое не е опфатено со увозната декларација е задржано, а против увозникот е поведена прекршочна постапка.