На 7 декември, судот во градот Хомел во југоисточна Белорусија ги означи налозите на белорускиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) на Телеграм, Јутјуб, Икс (поранешен Твитер) и Тик-ток, како екстремистички.
Претходно белоруските власти на списокот на екстремисти го додадоа логото на „Свабода“, профилите на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, ВКонтак и Однокласник, како и на Тик-ток налозите на руските и украинските сервиси на РСЕ.
Веб-страницата на Свобода е блокирана во Белорусија од август 2020 година, кога избувнаа невидени протести поради официјалните резултати од претседателските избори на кои авторитарниот владетел Александар Лукашенко беше прогласен за победник.
Видете и ова: Новинар на РСЕ од Белорусија се обидел да се самоубие во затворВо исто време, Ихар Лосик, познат блогер и новинар на Радио Свабода, повеќе од три години е во затвор во Белорусија.
И додека неговата сопруга Дарја е исто така зад решетки, нивната четиригодишна ќерка Паулинка живее во нивниот роден град Барановиќ со баба ѝ и дедо ѝ.
Во декември 2021 година, Ихар Лосик беше осуден на 15 години затвор по неколку точки од обвинението, вклучително и „организирање масовни немири, поттикнување општествена омраза“ и неколку други обвиненија кои остануваат нејасни. Лосик тврди дека е невин и обвинувањата ги нарекува политички мотивирани.
Во ноември минатата година белоруското Министерство за внатрешни работи го додаде Лосик и новинарот Радио Свабода Алех Хружџиловиќ на листата на екстремисти.
Во екот на напорите за сузбивање на независните медиуми, опозициските политичари, активистите за човекови права и демократските институции, белоруските власти додадоа дури 244 лица на списокот, меѓу кои и овие двајца новинари од Радио Свабода, како што е локално познат сервисот на РСЕ.