Горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата, го одреди 17 март како датум за претседателски избори во земјата.
Советот ја донесе одлуката на седницата на 7 декември.
Видете и ова: Кремљ: Путин не најавил дека ќе се кандидира за уште еден мандатВладимир Путин, кој е на власт како премиер или претседател од 1999 година, допрва треба да ја објави својата намера да се кандидира за уште еден шестгодишен мандат, иако според најавите тоа е очекувано.
Уставната промена му овозможи на Путин да учествува на изборите.
Неодамна тој ги одобри и измените на законот во врска со претседателските избори, со кои се ставаат нови ограничувања за медиумското известување.
Според амандманите што тој ги одобри, само новинарите со договор со регистрирани медиумски куќи ќе можат да ги следат состаноците на изборната комисија, со што потенцијално би се забранило учество на хонорарци и независни новинари.
Измените вклучуваат и забрана за следење на активностите на комисијата во воените бази или во областите каде што е на сила воената состојба, без претходна дозвола од регионалните и воените власти.