Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, на 6 декември рече дека сецесионистичката реторика го труе процесот на помирување и духот на соработка во БиХ, нагласувајќи дека меѓународната заедница е подготвена да ги заштити БиХ и нејзините граѓани доколку е потребно.
„Јасно е дека секој што се обидува да ја загрози државата Босна и Херцеговина и нејзината стабилност, внатре или надвор од земјата, е опасност за оваа земја и нејзината европска иднина. Меѓутоа, во исто време, нагласувам дека Европската Унија (ЕУ) и меѓународната заедница се подготвени да ја заштитат оваа земја и нејзините граѓани доколку е потребно“, рече Шмит.
Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, кој беше санкциониран од Соединетите Американски Држави и Велика Британија поради прекршување на Дејтонскиот мировен договор, неколку пати во своите медиумски настапи ја најави можноста тој ентитетот БиХ да прогласи независност од Босна и Херцеговина.
Видете и ова: Време е да се надминат регионалните конфликти - НАТО состанок во СкопјеТериторијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина, како една држава со два ентитета и округот Брчко, се загарантирани со Дејтонскиот мировен договор, а овој договор и Уставот на Босна и Херцеговина не даваат право на отцепување на ниту еден субјект.
Говорејќи по седницата на Управниот комитет на Советот за спроведување на мирот (ССМ), високиот претставник истакна дека граѓаните на БиХ никогаш не биле поблиску до интеграција во ЕУ и дека „има реални шанси во следниот месец да бидат поблиску до таа цел“.
Во декември 2022 година, Босна и Херцеговина доби статус на кандидат за полноправно членство во ЕУ.
Европската комисија на 8 ноември годинава му препорача на Советот на ЕУ отворање на пристапните преговори со БиХ, откако ќе се постигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство во ЕУ.