Украина тврди дека одбила голем напад од руски беспилотни летала

илустрација

Украинската противвоздушна одбрана собори 41 од 48-те беспилотни летала од иранско производство, лансирани од Русија врз цели во Украина, рано на 6 декември, соопшти воздухопловството.

„Лансирани се вкупно 48 беспилотни летала Шахед-136/131. Како резултат на противвоздушниот оган, уништени се 41 непријателски беспилотни летала“, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили на Телеграм.

Во соопштението се наведува дека беспилотните летала биле лансирани од Кејп Чауд на Крим окупиран од Москва и од руската област Курск.

Видете и ова: Русија тврди дека уништила 40 украински дронови над Азовското Море и Крим

Не се дадени детали за евентуални жртви или материјална штета.

Руската војска редовно ги бомбардира украинските градови и села во дострелот на нивната артилерија, салво-ракетни системи, ракети и беспилотни летала.

И покрај доказите и сведочењата, Москва негираше дека таргетира цивили од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.