Иранскиот претставник во Обединетите Нации, Амир Саид Иравани, изјави дека неговата земја не била вклучена во никакви дејствија или напади против американските воени сили, објави иранската новинска агенција Тасним.
Соединетите Држави ги обвинија јеменските Хути поддржани од Иран дека извршиле серија напади во водите на Блискиот Исток откако изби војната на 7 октомври меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Видете и ова: САД ги прогласија бунтовниците Хути во Јемен за терористиНа прес-конференција во понеделникот, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека Вашингтон има „силни причини да верува дека овие напади, иако ги извршија јеменските Хути, беа целосно олеснети од Иран“.
Три комерцијални бродови беа нападнати во меѓународните води во јужниот дел на Црвеното Море во неделата. Хутите признаа дека нападите ги извршиле со беспилотни летала и проектили, тврдејќи дека станува збор за два израелски брода.
Американскиот разурнувач Карни собори три беспилотни летала во неделата откако побара помош од три комерцијални бродови.
Американската војска соопшти дека бродовите биле поврзани со 14 различни земји.