Руската противвоздушна одбрана синоќа уништи и пресретна повеќе од 40 украински беспилотни летала над Азовското Море и Крим, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Вечерва се уништени 22 беспилотни летала, а 13 од нив се пресретнати, додека утрово околу 6 часот по московско време воздухопловните сили собориле уште шест дронови“, соопшти Министерството.
Сообраќајот на Кримскиот мост беше во прекин повеќе од четири часа.
Видете и ова: Украина соопшти дека погодила руски противвоздушен систем на КримОд рускиот напад на Украина на 24 февруари минатата година, Русија речиси секојдневно соопштува за обиди за напади на украински беспилотни летала на пограничните области, Крим и Москва.