Кривичниот суд во Скопје вечерва го прифати предлогот на Основото јавно обвинителство и му определи 48 часовен притвор на таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од осомничените за нејзиното убиство.
Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е опредлелен заради опасност од бегство и влијание врв сведоци. Тој пред повеќе од два часа беше спроведен во Кривичниот суд кај судија на предистражна постапка.
Александар Ѓорчевски се очекува од вечерва да биде сместен во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Видете и ова: МВР распиша меѓународна потерница за Љупчо Палевски-Палчо за делата „грабнување“ и „убиство“Порано вечерва пак, Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски, осомничен за убиствата на Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, а обвинителството информираше дека откако ќе биде донесен во земјава, Палевски веднаш ќе оди во притвор.
„За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела - Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.
Видете и ова: Девојчето Вања жртва на „алчност за пари“, јавноста во шокЈавното обвинителство синоќа соопшти дека по преземени опсежни мерки и активности од полициските службеници од СВР Скопје, на 3 декември во околината на Скопје било пронајдено безживотното тело на малолетната Вања Ѓорчевска, а на денешната пресконференција беа дадени повеќе детали и за убиството на 74-годишниот велешанец.