Министерството за внатрешни работи вечерва распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски, во врска со убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. За Палчо е распишана потерница за делата „грабнување“ и „убиство“.
„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување" и „убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, стои на страницата на МВР покрај фотографијата од Палевски.
Палевски е еден од петмината осомничени за убиството. Како што утрово соопшти и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Палчо ја напуштил Македонија на 30 ноември, заминувајќи за Белград, па од таму за Бугарија.
Истрагата се сомнева дека заминал поради страв дека ќе биде откриен како извршител на убиствата.
Видете и ова: Таткото на Вања донесен во Кривичен, обвинителството бара 48 часовен притворПокрај МВР, вечерва се огласија и од обвинителството, од каде соопштија дека откако ќе биде пронајден, Палчо веднаш ќе биде притворен.
Инаку Љупчо Палевски – Палчо во последно време во јавноста повторно стана актуелен како основач на партијата „Десна“. Претходно влезе во бизнисот со градежништво, основач е на неделник, а во моментов има и свој поткаст „Тешки муабети“ на протускиот портал Инфомакс. Имал неколку прекршочни пријави и една кривична на која МВР се уште работи, но за него немало посебни истражни мерки.
Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023 година, а вчера нејзиното безживотно тело беше пронајдено во околината на Скопје.
Во ООУ „Јохан Хајнрих - Песталоци“ денеска беше отворена книга на жалост за прерано згаснатиот живот на малолетната Вања Ѓорчевска.
Видете и ова: Девојчето Вања жртва на „алчност за пари“, јавноста во шок