Во Скопскиот кривичен суд попладневно е донесен таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството.
Тој беше донесен од полициската станица „Центар“ каде последните 24 часа беше на распит. Се очекува на барање на Скопското Јавно обвинителство да му биде изречена мерка притвор од 48 часа.
Телата на двете жртви - 14-годишната Вања Ѓорчевски и на 74-годишниот Панче Жежовски, моментално се на обдукција во Судска медицина. Во текот на утрешниот ден се очекуваат ДНК-анализите по што се очекува да биде побаран и подолг притвор за четворицата осомничени.
Видете и ова: Девојчето Вања жртва на „алчност за пари“, јавноста во шокОсомничениот Љупчо Палевски – Палчо пак, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата се наоѓа во бегство. До овој момент МВР нема распишано меѓународна потерница, бидејќи предметот е се уште во предистражна постапка.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција кажа дека му се влезени во трага на Палевски. Тој првично заминал за Белград, Србија, а потоа отишол за Бугарија според досегашните информации од полицијата.