Судот во Казан, главниот град на руската област Татарстан, ја отфрли жалбата на адвокатката на Алса Курмашева, новинарка на Татарско-башкирскиот сервис на Радио Слободна Европа, против одлуката на второстепениот суд да ја казни со 10.000 рубљи (110 долари), поради тоа што „не ги известила руските официјални лица дека поседува двојно државјанство“.
Откако советскиот окружен суд ја донесе својата одлука на 4 декември, официјално стапи во сила одлуката за паричната казна на Курмашева, која е во притвор од 18 октомври во посебен случај.
Курмашева, новинарка на РСЕ од Прага, која има двојно американско и руско државјанство, отпатува во Русија поради семејна вонредна состојба во мај.
Таа беше привремено задржана додека го чекаше повратниот лет на 2 јуни на аеродромот во Казан, каде и беа одземени двата пасоши. Не можела да ја напушти Русија бидејќи чекала да и ги вратат патните исправи.
На 11 октомври, судот и нареди на Курмашева да плати казна затоа што не го пријавила американскиот пасош на руските власти.
Курмашева на 18 октомври повторно беше приведена и овојпат обвинета за непријавување како „странски агент“, што е кривично дело во Русија за кое е предвидена казна затвор до пет години.
Видете и ова: Русија официјално ја обвини новинарката на РСЕ за кршење на Законот за „странски агенти“Истражниот комитет соопшти дека Курмашева се товари според делот од Кривичниот законик кој се однесува на регистрација на странски агенти кои вршат „намерно собирање информации од областа на воените, воено-техничките активности на Русија“, кои, доколку ги добијат странски извори, „можат да бидат искористени во активности против безбедноста на земјата.“.
Минатата недела советскиот окружен суд го продолжи притворот на Курмашева најмалку до 5 февруари.
Истражниот комитет соопшти дека истрагата открила дека иако руското Министерство за правда не ја додало на списокот на странски агенти, таа не доставила документи за внесување во регистарот.
Курмашева и РСЕ го отфрлија обвинението.
Руското притворање на Курмашева, втор американски член на медиум што Москва го приведе годинава, предизвика бран на критики од групите за човекови права и политичарите кои велат дека овој потег сигнализира ново ниво на воена цензура.
Видете и ова: Рускиот суд го продолжи притворот на новинарката на РСЕ Курмашева до 5 февруариСудската одлука за продолжување на притворот на Курмашева беше донесена на 1 декември, еден ден откако водечката руска група за човекови права „Меморијал“ ја призна како политички затвореник.
Москва е обвинета за приведување Американци со цел да ги користи како договор за пазарење за Русите затворени во САД. Репортерот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, беше уапсен во март за наводно шпионирање, обвинение што тој и весникот жестоко го негираат.
Курмашева е една од вкупно четворицата новинари на РСЕ кои моментално се во затвор под обвинение поврзано со нивната работа. Групите за човекови права и РСЕ во неколку наврати повикаа на ослободување на сите затвореници, наведувајќи дека тие се незаконски приведени.