Како што израелските трупи ги шират своите операции во Појасот Газа, така, продолжија да се издаваат ажурирани наредби за евакуација на населението, посебно во централниот и јужниот дел.
Еден од начините на кој се делат овие упатства е преку онлајн мапи кои го делат Појасот Газа на стотици блокови.
Жителите се повикуваат да го следат развојот на настаните во областите во кои живеат, како и да „ги следат упатствата на ИДФ (Израелските одбранбени сили) преку различни медиуми“.
ИДФ утрово на 4 декември, ги користеше социјалните мрежи за издавање нови наредби за евакуација во околу 20 подрачја во јужна Газа. Објавената мапа содржеше и стрелки кои упатуваат на подрачјата во јужниот дел, од каде што се наведува дека цивилите треба да се упатат.
ИДФ исто така испраќаше и летоци со пораки во подрачјата каде им се издаваа наредби на луѓето да се евакуираат, понекогаш вклучувајќи и „Кју-ар“ кодови поврзани со мапите. Ваквиот пристап на ИДФ предизвика бројни критики.
Видете и ова: Израелските сили го шират копнениот напад на југот на Појасот ГазаСари Баши од „Хјуман рајтс воч“ рече дека Израел бара од луѓето „кои немаат струја или интернет некако да скенираат баркодови за да видат каде треба да се движат“.
Баши, исто така, рече и дека Израел им порачува на луѓето да бегаат во време кога „нема безбедно место за заминување“, како и тоа дека „не постои безбеден начин таму да се стигне“.
Видете и ова: Израел ги повикува цивилите да користат нова мапа за евакуацијаИнаку порано денеска, во својот последен извештај, Министерството за здравство во Газа, информираше дека најмалку 15. 899 Палестинци се убиени во израелските напади од 7 октомври.