Единаесет планинари се пронајдени мртви, а уште 12 се водат како исчезнати по ерупцијата на вулкан во Индонезија, додека спасувачите ги носат пеш по планината повредените и изгорените, соопштија официјални лица.
Спасувачите во неделата (3 декември) пронајдоа десетици планинари заглавени на планината Марапи, на островот Суматра, откако вулканот исфрли пепел во височина до 3000 метри.
„Мртвите планинари беа пронајдени во близина на кратерот на Марапи, откако вулканот висок 2891 метар ги затрупа околните села со пепел“, изјави Абдул Малик, шеф на локалната агенција за спасување.
Видете и ова: 11 лица исчезнаа во поплавите во ИндонезијаДванаесет лица исчезнаа, тројца беа пронајдени живи, а 49 безбедно се симнаа од кратерот, некои со изгореници и скршеници, додаде Малик.
Тој додаде дека спасувањето прави пеш и со раце, бидејќи хеликоптерот не може да се користи оти ерупцијата е во тек.
Во акцијата учествуваат 120 припадници на спасувачката служба, пренесува агенцијата АФП.