Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека и западната воена алијанса треба да биде подготвена за лоши вести од украинскиот фронт, без да прецизира детали.
„Војните се одвиваат во фази. Мораме да ја поддржуваме Украина и во добри и во лоши времиња. Треба да бидеме подготвени и за лоши вести“, изјави Столтенберг за германскиот АРД додека западните сојузници дебатираат за воената и финансиска помош за Украина, а Москва го зголемува бројот на војници.
Видете и ова: Украина - пукањето на војниците што се предале е руско воено злосторствоРускиот претседател Владимир Путин на 1 декември потпиша указ за зголемување на бројот на војници за околу 170.000 на 1,3 милиони. Линиите на фронтот беа речиси непроменети во последните месеци, и покрај украинската контраофанзива во текот на летото.
За време на контраофанзивата, Украинците употребија крстосувачки ракети за да ја потиснат руската флота во Црното Море и нанесоа штета на Русија длабоко на нејзината територија, што Столтенберг ги оцени како „големи победи иако не успеаја да ја поместат линијата на фронтот“, Брисел пренесува порталот Политико, а пренесе балканскиот сервис на Слободна Европа.