Јавното обвинителство вечерва соопшти дека по преземени опсежни мерки и активности од полициските службеници од СВР Скопје, на 3 декември во околината на Скопје било пронајдено безживотното тело на малолетната Вања Ѓорчевска.
Ѓорчевска беше пријавена за исчезната во понеделникот на 27 ноември рано утрината на пат кон училиште. Според извештаите, последниот сигнал од нејзиниот телефон тој ден се изгубил спроти Универзална сала на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Освен телот на Ѓорчевска, во соопштението на Обвинителството од 3 декември се вели дека во околината Велес било пронајдено тело и на 74-годишно лице од Велес со иницијали (П.Ж) кое на 24 ноември оваа година било пријавено за исчезнато, и дека за двата случи биле приведени исти лица.
„Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Видете и ова: Предложен притвор за тројца од петмината приведени за исчезнувањето на ВањаПет лица на 2 декември беа приведени во врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања, како што изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Днеска Јавното обвинителство соопшти дека во текот на целиот ден биле преземани дејствија за обезбедување докази во врска со ичезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а дека за тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување 48-часовен притвор, со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот.
Јавното обвинителство во соопштението на 3 декември вели дека „наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност“.
Од ЈО велат дека претходно, во врска со кривичните дела, било пронајдено опожарено возило „цитроен“ и дека по извршени вештачења биле обезбедени материјални докази за инволвираност на лицата идека за што по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.
Во деновите по исчезнувањето на двете лица, се вели во соопштението, јавните обвинители издале наредби за претреси на повеќе локации, за обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и на автомобилот поврзани со настанот.
Видете и ова: Полицијата привела пет луѓе за исчезнувањето на ВањаБиле сослушани лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот бил расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви.
„По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка“, вели Обвинителството.
Откако Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот на 27 ноември рано наут на пат кон училиште, последниот сигнал од нејзиниот телефон се губи спроти Универзална сала на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, како што објави МВР.
БЕше објавена и нејзина фотографија и опис во листата на исчезнати, а по неа трагаше и Интерпол.
Министерот за внатрешни работи Спасовски рече дека биле преземени низа криминалистички истражни мерки во изминатиот период за пронаоѓање на девојчето.