Јавното обвинителство денеска соопшти дека во текот на целиот ден биле преземани дејствија за обезбедување докази во врска со ичезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а дека за тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување 48-часовен притвор, со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот.
„Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани“, се вели во соопштенито на Јавното обвинителство.
Видете и ова: Полицијата привела пет луѓе за исчезнувањето на ВањаПет лица вчера беа приведени во врска со случајот за исчезнувањето на девојчето Вања, како што рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Вања исчезна во понеделникот(27.11) рано наутр,о на пат кон училиште. Последниот сигнал од нејзиниот телефон се губи спроти Универзална сала на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
МВР објави и нејзина фотографија и опис во листата на исчезнати, а по неа трага и Интерпол.
Спасовски рече дека биле преземени низа криминалистички истражни мерки во изминатиот период.